ViTUN – пенкало за чистење тврдокорни дамки од облеката

82

Фото: IndieGoGo

ViTUN 2.0 е пенкало што ги отстранува најтврдокорните дамки од алиштата за 30 секунди.

Пенкалото темелно отстранува дамки од: кафе, џем, црвено вино, пенкало, џус, земја, кармин, крв, млеко, масло, итн. За разлика од стандардните машини за перење, ViTUN навлегува микроскопски во ткаенината и ја чисти, без да останат никакви траги од дамката.

За да се исчисти дамка од облеката се става марамче под кошулата или маицата, па се става вода на местото на дамката и се вклучува ViTUN.

Производот засега е достапен во 4 бои, розева, кафена, сина и зелена, а се полни преку усб кабел.

ViTUN 2.0 е дело на старт-ап со седиште во Пекинг, Кина и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 13.361 долари од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 14 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бида во јуни годинава.