Vixole – “паметни“ патики со LED екран

28

vixole-patiki-1

Vixole се персонализирани патики со флексибилни LED екрани, на коишто корисникот може да постави анимација, дизајн или фотографија од неговиот мобилен телефон.

“Нашиот производ на корисниците им дава можност да ги персонализираат своите патики, како никогаш досега. Без разлика на тоа дали го рекламирате својот бренд или сакате да испратите некаква порака додека одите по улица, сигурни сме дека секогаш ќе се истакнете додека ги носите овие патики. Технологијата вградена во овие патики овозможува неограничени можности“, велат основачите на овој американски старт – ап.

vixole-1

Со два часа безжично полнење, патиките може да функционираат осум часа. Исто така, Vixole ги бројат чекорите на својот корисникот и може да бидат интерактивни со неговото движење. Овие водоотпорни патики го олеснуваат движењето на својот корисник, бидејќи вибрираат по правилниот правец по којшто се движи.

На глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, стартапот побара поддршка од 30.000 долари, а досега се собрани над 193.312 долари.

vixole-3