Визири за заштита на здравствени работници од 3D печатач

243

Vizionari Srbija е името на Facebook групата во којашто се наоѓаат сопственици на 3D печатачи, чија цел е да се направат што е можно повеќе визири за заштита на здравствените работници, пренесува Startit.rs.

Побарувачката за заштитни маски во светот е толку голема што наместо iPhone телефони, Кинезите прават и до 200 милиони маски дневно.

“За да се направи еден визир со 3D печатач, потребни се од еден до два и пол часа. Со оглед на тоа колку луѓе се вклучени, ние можеме да направиме околу 300 парчиња. Планот е до вторник да ја испратиме првата тура, а константно расте бројот на колеги кои се приклучуваат во акцијата“, вели претставник на оваа група, што визирите ги печати во својот дом.

Фото: Facebook