Визит картички од мермер

78

plАмериканската компанија Mikol, со седиште во Сан Франциско, креираше луксузни визит картички од мермер. Иако звучи чудно, сепак станува збор за софистицирани и компактни картички, малку потешки од пластичните и хартиените.

Како и кај секоја бизнис картичка испишани се најважните информации, име презиме, име на компанија, телефонски број, лого, мејл. За ВИП клиентите компанијата креира специјални шеми и боја.

Во понудата се вклучени црни, бели и мермерни картички во беж боја. Изработени се од 100% природен мермер и секоја од нив е различна од другата, со додатоци на злато и алуминиум. Компанијата нуди 20 мермерни карти по цена од 125 долари. Димензиите се 9,5 x 5,4 x 0,1 сантиметри, а тежината 18 грама.

ikooo