Вкупниот светски долг е 315 трилиони долари, со најголем пораст во последните 80 години

Институтот за меѓународни финансии (IIF) објави дека светот е заробен во долгови од 315 трилиони долари.

Бранот на раст на глобалниот долг е најголем, најбрз и најраспространет од Втората светска војна, што се совпаѓа со пандемијата „Ковид-19“.

„Ова зголемување го означува вториот последователен квартал на раст и првенствено се однесува на пазарите во развој, каде долгот се искачи на невидени 105 трилиони долари“, се вели во кварталниот извештај на финансиската институција со седиште во Вашингтон.