Вкупното домашно производство на енерегија лани покрило 37.9 отсто од потребите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесува 1 040 502 toe или 37.9 % од вкупно потребната енергија.

Вкупната потребна енергија за 2022 година изнесува 2 746 673 toe.

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2022 година се: сообраќајот со 41.1 %, домаќинствата со 26.3 % и индустријата со 20.1 % (од расположливата финална потрошувачка).