Владата бара стратешки партнер за Еурокомпозит

22

Премиерот Никола Груевски при посетата на Прилеп изјави дека Владата бара стратешки партнер за решавање на проблемот и со Еурокомпозит. Груевски потенцираше дека тие се максимално фокусирани кон решавањето на оваа ситуацијата и дека тој лично верува во изнаоѓање на решение за овој проблем.

“Во потрага сме по стратешки партнер. За овој проблем често разговараме на седници во Владата барајќи начини како да се помогне. Пред неколку денови имав состанок со министерот за инвестиции Џери Наумоф кој ме информираше дека пронашол одредени компании што имаат интерес да склучат договор за производство со Еврокомпозит. Во овие разговори вклучен е и заменик-министерот Христијан Делев, барајќи да најдеме стратешки партнер слично како со Тутунскиот комбинат. Будно ја следиме ситуацијата со Еурокомпозит и верувам дека ќе успееме. Можам да ветам дека се ќе дадеме во тој правец”, изјави премиерот Груевски.