Владата ќе ги лимитира цените на производите за да го олесни трошокот на родителите за успешен старт на учебната година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата има план да помогне во однос на трошоците за почеток на учебната година, истакна дека на Влада подготвува план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година.
„Правиме анализа на сите тие трошоци и мислам дека таа во текот на денот денеска ќе биде готова и веќе на утрешната редовна седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, пред сé за родителите, односно лимитирање на цените на производите коишто се најпотребни за да имаме успешен старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме”, изјави премиерот.
Тој истакна дека се надева дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и предлог мерката ќе биде усвоена на утрешната владина седница.