Владата ќе го продава Телекомот за 2,5 милијарди евра

29

Владата на Србија е подготвена да го продаде Телекомот за 2,5 милијарди евра. Се уште не е решено дали оваа компанија ќе биде продадена на тендер или преку директна спогодба. Експертите сметаат дека државата се решила на ваков чекор поради минусот во буџетот, а тоа го потврди и Министерот за финансии на Србија, Млаѓан Динкиќ. Тој нагласи дека нема да ја продаваат Железарата, ЕПС или Аеродромите, но додаде дека на продажба можно е да бидат понудени некои од јавните претпријатија кои имаат конкуренција, а не можат да ја следат, а таков е Телекомот.

Аналитичарите советуваат дека ако Владата го продаде Телекомот, добро е со дел од парите да се покрие дефицитот во буџетот, а 20% до 30% од средствата да се наменат за стопанството преку поволни кредити.
На претходниот тендер, единствен понудувач беше Телеком Австрија, а таа понуди 1,4 милијарди евра за 51% од капиталот на Телеком Србија.