Владата на Црна Гора го зголеми данокот на плати

42

evraВладата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за данок на доход на физички лица, со кои е предвидено зголемување на стапката на оданочување на плати повисоки од 400 евра.

Со измените на законот се предлага привремено воведување на обврска за плаќање данок на доход на физички лица по стапка од 12%, наместо досегашните 9%, на бруто заработка над 400 евра.

Се проценува дека оваа мерка ќе влијае врз зголемување на буџетските приходи за околу 11 милиони евра и намалување на расходите за околу пет милиони евра на годишно ниво. Мерката ќе се применува до крајот на тековната година, соопшти владата на Црна Гора.