Владата на Црна Гора порача Монтенегро ерлајнс да отвори авиолинии кон Македонија, Хрватска и БиХ

19

Montenegro_AirlinesВладата на Црна Гора побара од националниот авиопревозник Монтенегроерлајнс подобро да се поврзе со авиолинии со земјите од регионот и да разгледа воведување на линии кон Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

“Една од битните ставки на која треба да се работи е подобра авиоповрзаност со државите од регионот, затоа што во овој момент не постојат директни линии кон Македонија, Хрватска, БиХ и Косово. Исто така треба да се разгледа можноста Монтенегроерлајнс за летовите кон Белград за време на викенд и продолжен викенд да понуди поповолни цени на билетите. Во таа насока, Монтенегроерлајнс треба да подготви посебни пакети кои би биле маркетиншки поддржани од страна на Националната туристичка организација на Црна Гора. Од година во година постои се поголем интерес на туроператорите и авиокомпаниите од различни пазари за летови главно во шпицот на туристичката сезона (средина на јули – почеток на септември)”, сметаат во Владата, пишува портал Аналитика.