Владата на Србија предложи да се зголеми цената на струјата за стопанството

98

Владата на Србија му препорачала на српското Електростопанство (ЕПС) од 1 септември да им продава струја на комерцијалните клиенти, односно стопанството, по цена од 95 евра за мегават час (MWh) без ДДВ.

Сегашната цена на струјата за стопанството беше 75 евра за мегават час а новата цена ја предложило Министерството за економија.

Во заклучокот на владата било наведено дека препораката за корисниците кои немаат право на гарантирано снабдување со електрична енергија по 1 септември треба да изнесува 123,5 евра за мегават час без вклучен ДДВ.

За компаниите од одбранбената индустрија препорачаната цена на струјата од 1 септември до 31 декември годинава е 86,13 евра за мегават час, без вклучен ДДВ.