Властите во Шангај одобрија даночни олеснувања за бизнисмените во износ од 22 милијарди долари

82

Властите во кинескиот финансиски центар, Шангај, денеска соопштија дека ќе воведат мерки за да и помогнат на локалната економија да се справи со кризата со Ковид, вклучително и враќање на средствата што ќе го намали даночното оптоварување на бизнисите за 140 милијарди јуани (22 милијарди долари) во 2022 година.

Според соопштението објавено на веб-страницата на владата во Шангај, интернет платформите ќе бидат охрабрени дополнително да ги намалат таксите за услугите, а телекомуникациските оператори ќе обезбедат тримесечни бесплатни услуги во облак, пренесе Ројтерс.

Компаниите за малопродажба и угостителство ќе добијат субвенционирана поддршка за да ги испратат вработените на редовно тестирање на Ковид-19.