Влијанието на е-услугите на банките врз задоволството на клиентите

44

Развојот на информатичката технологија доведе до трансформации во многу сектори, вклучително и во банкарскиот. Причината за воведување на модерните комуникациски технологии во банкарскиот сектор лежи во придобивките што ги носат новите технологии, како брзо, едноставно и сигурно извршување на сите банкарски услуги од било која локација, олеснување на секојдневието на клиентите, подигнување на нивната свест за банкарските производи, иновации во бизнисот и секако, ставање акцент на клиентот како индивидуа.

Електронските банкарски услуги претставуваат иновативни и безбедни решенија прилагодени на специфичните потреби на клиентите со кои банките сакаат да ги исполнат нивните очекувања и потреби што е можно повеќе. Степенот на воведување нови технологии кои овозможуваат брзо, едноставно и сигурно завршување на банкарските обврски за кои порано беше неопходно да се оди на шалтер во банка, како и понудата на нови, иновативни решенија, влијае на задоволството на клиентите и нивната одлука на која банка ќе ја дадат својата доверба. Клиентите сакаат да бидат во тек со новите светски трендови и да бидат корисници на иновативни банкарски решенија кои ќе бидат истовремено модерни и корисни.

Халкбанк АД Скопје како модерна финансиска институција е една од предводниците на прифаќањето и имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови во своето работење, обезбедувајќи им на тој начин на клиентите најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги. Клиентите на Халкбанк АД Скопје можат целосно да менаџираат со своите сметки со користење на онлајн услугите на банката и преку својот мобилен телефон или компјутер, брзо и едноставно, од својот дом, да ги завршуваат сите традиционални банкарски услуги.

Секој корисник на електронско и мобилно банкарство на банката преку услугите e-banking и mobybanking може да изврши проверка на состојбите на сметките, на кредитните картички, да изврши уплата на средства, нивно префрлање на друга сметка, да врши плаќање комунални услуги, кредити и други дневни трансакции – денарски и девизни, како и креирање шаблони. На овој начин може да се врши и продажба и откуп на девизи, креирање персонални буџети, потсетници за плаќања, но и да се отвора орочен денарски или девизен депозит, или, пак, да се аплицира за кредит.

Банката во својата понуда има и иновативни решенија, како Смарт кеш опцијата која е достапна за сите корисници на мобилното банкарство и овозможува повлекување готовина без да ја имате картичката со вас. Уште една одлична апликација од Халкбанк е апликацијата HalkPay која го претвора смартфонот во паричник. На овој начин со мобилниот телефон може да се врши плаќање на било кој ПОС терминал само со доближување на мобилниот уред. Меѓу новите иновативни решенија влегува и услугата Garmin Pay со која, и додека сте во движење или додека спортувате, можете безбедно да вршите плаќања со својот Garmin часовник.

Иновативните услуги на Халкбанк овозможуваат на брз, лесен и едноставен начин да имате пристап до вашите средства и ефикасно да ги завршите сите плаќања.