На Gmail кружи нова измама, односно креиран е лажен портал кој од корисниците бара приватни информации за да ги украде. Во овој случај, фалсификуваната е страницата Google Drive, која изгледа многу слично со оригиналот.
Ако примите e-mail со предмет Documents, кој ќе ве пренасочи на страницата на Google Drive, немојте да се логирате, за да не станете жртва на измама, пренесува Huffington Post. Оваа измама ја открила компанијата за сајбер сигурност Symantec.
“Успеавме да ја отстраните оваа страница од интернет, а нашата компанија работи на случајот повторно да не се случи вакво нешто”, велат од Google.
Од Google им предлагаат на своите корисници, ако мислат дека биле жртва на оваа измама, да креираат нова лозинка.