
На европските берзи во понеделник наутро се тргува внимателно, а најважните индекси забележаа само мали промени, додека инвеститорите се фокусирани на француските парламентарни избори, кои ќе се одржат на крајот на неделата.
Паневропскиот индекс Stoxx 600 беше околу 10:30 часот без промени во однос на петокот, на 515 поени, при што најмногу паднаа цените на акциите на рударските компании, во просек за 1 отсто, додека цените на акциите на автомобилската индустрија порасна најмногу, за 1,2 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX порасна за 0,22 отсто, на 18.203 поени, лондонски Ftse порасна за 0,02 отсто, на 8.239 поени, а париски CAC за 0,17 отсто, на 7.641 поени.
Фокусот на инвеститорите е на првиот круг од француските парламентарни избори оваа недела, при што анкетите покажуваат водство на крајнодесничарската партија Национален собир (РН) и нејзините сојузници. За нови насоки ќе се следат одлуките за монетарната политика на шведската и турската централна банка, како и податоците за бруто домашниот производ на Шпанија во вторник и на Италија во петок.
Меѓу најголемите губитници беше акцијата на германски Zalando, која падна за 6,7 отсто откако Morgan Stanley го намали рејтингот на акциите. Уделот на белгиската фармацевтска компанија Argenx порасна најмногу, за 7,3 отсто, откако американската ФДА го одобри Vyvgart Hytrulo, нејзиниот лек за хронична воспалителна демиелинизирачка полиневропатија.











