Во 2020 многу споени викенди – кои се неработни денови

830

Годинава што ја испраќаме беше богата со можности за спојување на празници со викенди. И во 2020 година има многу такви денови. Поголемиот број на празници се паѓаат во денови погодни за големи спојувања.

Министерството за труд и социјална политика ја објави Програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците, па така во 2020 година има вкупно 11 неработни денови за сите граѓани на земјава.

Првото поголемо спојување е за божиќните празници кога граѓаните од православна вероисповед го празнуваат 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ и 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ. Денот на трудот се паѓа во петок, а на 24 мај е Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден.

Денот на Републиката на 2 август и Ден на народното востание 11 октомври кои се паѓаат во неделa, наредните денови, односно 3 август и 12 октомври (понеделник) се неработни денови. Денот на Македонската револуционерна борба 23 октомври се паѓа во петок и тоа е уште една шанса за продолжен викенд.

За граѓаните од православна вероисповед, Велики Петок, Духовден и Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) се паѓаат во последниот ден од работната недела и е можност за спојувањвсо викендот.

Во продолжение Програмата на неработни денови за 2020 година:

За сите граѓани на РМ

  • 1 јануари (среда), Нова година;
  • 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 мај (петок), Ден на трудот;
  • 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста;
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
  • 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ;
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици);
  • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
  • 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Фото: Pexels