Во 2021 година, 4,9 милиони граѓани на ЕУ биле вработени во секторот за финансии и осигурување

20

Во 2021 година 4,9 милиони граѓани на Европската унија биле вработени во секторот финансии и осигурување, што претставува 3,1 отсто од сите вработени во ЕУ, објави денеска Евростат.

Како што се наведува, во таа година во овој сектор работеле 759.159 компании или 2,5 отсто од сите компании активни во Европската унија.

Прометот на споменатите компании бил 2,3 милијарди евра, а нивната дополнителна вредност била 1 милијарда евра.

Земјите со најголем удел на вработени во секторот финансии и осигурување во 2021 година се Луксембург 12,1 отсто, Кипар 5,7 отсто и Ирска 5,6 отсто, додека на другата страна на скалата е Чешка 2,2 отсто, Романија 2,1 отсто и Литванија 1,8 отсто, пренесува Танјуг.

Кога станува збор за статистиката поврзана со додадената вредност, најголем процентуално учество на финансиските и осигурителните услуги во вкупната деловна економија на земјата е забележано во Луксембург 34 отсто, Холандија 31,5 отсто и Шведска 18,9 отсто.