Во 2023 година, најголем странски инвеститор во БиХ е Русија

38

Приливот на директни странски инвестиции во Босна и Херцеговина во првите девет месеци од 2023 година изнесува 1,4 милијарди КМ, што е највисока сума забележана досега, покажуваат податоците на Централната банка на Босна и Херцеговина.
Странските инвестиции во периодот јануари – септември 2023 година се повисоки за 23,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Она што изненадува е фактот дека најголем инвеститор во БиХ во првите девет месеци од 2023 година беше Руската Федерација, која инвестираше 312 милиони КМ во БиХ.

Русија води на листата

Русија внесе 342 милиони КМ во сегментот „останатиот капитал“, 30,6 милиони КМ се повлечени преку нераспределена добивка, така што вкупниот износ е намален на 312,6 милиони КМ.

Се претпоставува дека позадината на тоа е избегнувањето на меѓународните санкции наметнати на Русија поради нејзината агресија врз Украина.

Ако ова го споредиме со истиот период лани, тогаш Русија во првите девет месеци повлече 34 милиони КМ.

По Русија следуваат Холандија и Хрватска, кои инвестирале 166, односно 165,1 милиони КМ во БиХ. Зад нив е Велика Британија со инвестиции од 163,4 милиони КМ, а по неа е Турција со 120 милиони КМ.

Германија годинава инвестираше 92,3 милиони КМ во БиХ, а Австрија 79,8 КМ. Италија и Словенија инвестираа 65,3 односно 60 милиони КМ во Босна и Херцеговина. Србија инвестираше 51,7 милиони КМ во Босна и Херцеговина.

Во Босна и Херцеговина инвестираа и Швајцарија, Белгија, Чешка, Кипар, Црна Гора, Франција, Литванија, Луксембург и Унгарија.

Фото: Централна банка на Босна и Херцеговина