Во 2023 година Турција го постигна најголемиот извоз во историјата

35

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави дека во 2023 година  земјата остварила рекорден извоз од 255,8 милијарди долари, пренесува Anadolu.

„Турскиот извоз во 2023 година се зголеми за 0,6 отсто во однос на минатата година, достигнувајќи 255.809.000.000 долари, што го урна рекордот во историјата на нашата Република“, рече Ердоган на состанокот во Истанбул.

Ердоган рече дека ова е резултат кој ја надминува целта на среднорочната програма, која предвидуваше извоз во износ од 255 милијарди долари.

Турскиот претседател рече дека Турција во 2024 година сака да оствари извоз во износ од 375 милијарди долари и дека има сили и капацитети да го постигне овој подвиг.