Во Албанија пристигна брод од Украина со 6.000 тони жито

71

Брод со 6.000 тони жито од Украина пристигна денеска во пристаништето Драч, на јадранскиот брег на Албанија, објави „Albanian Daily News“.

Бродот „Јаохар Раним“ со околу 6.000 тони украинско жито пристигна во средата околу 08:37 часот во пристаништето во Драч“, се наведува во извештајот.

Со посредство на Турција и Обединетите нации, на 22 јули во Истанбул, Украина и Русија потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море.