Во Англија започнува тестирање на автомобили без возач – но на далечински управувач

62

Милтон Кејнс е град кој се наоѓа на околу 80 километри северозападно од Лондон. Денес, на технолошките ентузијасти можеби им е познато како седиште на Формула 1 тимот на Ред Бул, а во историјата остана како град во кој се роди модерното компјутерско работење. Имено, таму се наоѓа познатиот Bletchley Park, каде Алан Туринг развивал компјутери за време на Втората светска војна за да ја разбие енкрипцијата на германската „Енигма“. Оваа година Милтон Кејнс ќе стане и место каде што за прв пат во светот ќе се тестираат такси без возач – но не целосно автоматизирани како што сме навикнати.

Имено, овој месец во овој англиски град ќе започне тестирањето на флотата на возила Fetch, дел од тамошниот стартап Imperium Drive. Овие мали возила ќе работат без возач, но наместо вештачка интелигенција, со нив ќе управуваат човечки оператори од специјален контролен центар. Секое возило ќе има и оператор на компанијата, кој ќе има задача да го преземе управувањето со возилото во итен случај.

Зошто автомобилите на далечинско управување, пак, би биле интересни за развојот на технологијата, кога веќе има такви кои можат да патуваат по патиштата речиси целосно независно? Британскиот стартап верува дека нејзиниот пристап ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, без потреба од развој на целосно автоматизирано возило.

Според тоа, малите возила наречени Fetch ќе бидат управувани од далечински оператори, со помош на контроли, но и напредни податоци од сензорите на автомобилот. Така, тие треба да имаат подобар преглед на ситуацијата во сообраќајот отколку да се во возило. „Нашата цел е возењето на долги релации да го направиме побезбедно од нормалното возење. Во нормални услови, сè уште имате слепи точки, кои можат да доведат до сообраќајни несреќи. Не можете ни да ги предвидите сообраќајните ситуации, пешаците и велосипедистите“, велат од Imperium Drive.

Затоа нивните автомобили се опремени со камери и технологија за компјутерска визија, која може да ја анализира ситуацијата во која се наоѓаат. Стартапот ќе започне со тестирање на ограничен простор, меѓу другото ќе ги транспортира до и од тренинзи фудбалерите на локалниот клуб МК Донс. Во случај тестот да се покаже успешен, сите жители на Милтон Кејнс ќе можат да го нарачаат овој облик на такси услуга преку посебна апликација во блиска иднина.