Во август, еврозоната забележа суфицит од само една милијарда евра во трговијата со стоки

Според првите прелиминарни проценки, Еврозоната во август забележа суфицит од само една милијарда евра во трговијата со остатокот од светот, што претставува значителен пад во споредба со јули кога суфицитот изнесуваше 12,7 милијарди евра, објави денес Евростат.

Резултатот е исто така помалку поволен отколку во август 2024 година, кога суфицитот изнесуваше три милијарди евра.

Вредноста на извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во август 2025 година изнесуваше 205,9 милијарди евра, што претставува намалување од 4,7 проценти на годишно ниво, додека увозот во исто време се намали за 3,8 проценти на годишно ниво на 204,9 милијарди евра.