Во август издадени 140 одобренија за градба

38

градбаСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава се издадени 140 одобренија за градење, што е за 48,5% помалку во однос на август 2012.

Предвидената вредност на објектите според издадените одобренија за градење изнесува 1.976.960.000 денари, што е за 5,9% помалку споредено со август минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 91 (65%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (12,9%) за нискоградба и 31 (22,1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 140 објекти, кај 96 (68,6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 44 објекти (31,4%) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 18.906 метри квадратни.