Во август остварени над 930.000 ноќевања во Македонија – доминираат турски и српски туристи

Во август 2026 година во земјава се евидентирани 244.513 туристи кои оствариле вкупно 934.042 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупниот број туристи, 46.4% се домашни, а 53.6 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во август 2026 година изнесува 934 042, од кои 70.8% се од домашните туристи, а 29.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.0%, односно кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување  за 3.2 %. Во периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е за 3.7 % така што кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 5.7 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во август 2026 година:

  • 45 747 од Турција
  • 13 166 од Србија
  • 7 457 од Романија
  • 7 324 од Германија