Во авионите можно е воведување на пониска класа од економската

300

sedista vo avion

Нов вид на авионска услуга, таканаречената “основна“ економска класа, наскоро би можела да биде нормален дел од понудата на сите авиопревозници кои сакаат да понудат поевтини билети, а да остварат позитивен финансиски резултат, пишува порталот Sta putovanja.

Basic economy fare е услуга што одамна ја нудат нискобуџетните авиопревозници кои не овозможуваат многу удобности за време на летот. Поточно, освен седиште, во оваа класа сите останати услуги се наплаќаат.

Досега патниците на економската класа на летовите на поголемите авиокомпании можеа да се очекуваат минимални погодности, како што е: доволно простор за седење, можност за промена на резервациите со доплата, резервација на седиште, бесплатни грицки или пијалак и бесплатен рачен багаж.

Се очекува со воведување на оваа нова економска класа сите овие можности да бидат укинати.