Во Бања Лука “никна“ соларно дрво

41

Фото: Pixabay

Бања Лука доби соларно дрво на кое граѓаните ќе можат да ги полнат своите телефони и таблети, објави Energetika.ba.

Дрвото се наоѓа во паркот Бан Милосављевиќ, а донирано е од компанијата TELEMAX по повод роденденот на Бања Лука и светскиот Ден на планетата земја.

Компанијата го донирала дрвото со цел граѓаните да ја увидат иновацијата во начин на претворање на сончевата енергија во употребливи енергија.

Истовремено, соларното дрво индиректно би требало да влијае на градските власти да се преориентираат на новите технологии и нивните придобивки.