Во Белгија ќе се гради “пивовод” долг три километри

20

pivo

Пиварницата De halve maan која се наоѓа во белгискиот град Бриж најави дека има намера да изгради три километри долг цевковод кој ќе оди од центарот на самата пиварница до местата каде се полни пивото на периферните делови од градот.

Овој таканаречен пивовод ќе биде изграден со истата технологија која се користи во нафтената индустрија, со цел да го намали сообраќајот на камиони во овој историски центар, пренесува агенцијата AFP.

Бриж е уште наречен Северна Венеција, токму поради тесните улици и канали.

Според плановите, годишно, низ цевоводот би требало да протекуваат до 4 милиони литри пиво.
Целокупната инвестиција ќе ја плати пиварницата, а изградбата планирано е да започне на почетокот на следната година.

De halve maan е пиварница со историја подолга од 500 години, чиј најпознат производ е светлото пиво de brugse zot.