Petite Geneve Group, пионерите во продажба на луксузни часовници и накит во Србија повеќе од една деценија, ја отворија новата продавница на брендот Roleх во Белград, на површина од 250 метри квадратни.
Луксузната продавница која е на три нивоа, се наоѓа во центарот на Белград на улица Ускочка 7.
Petite Geneve Group, која е во ко-сопственост фамилијата Петровиќ, исто така ја поседува Roleх продавницата во Будимпешта, Унгарија.
На свеченото отворање кое се случи минатата недела, меѓу другите присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија во Србија.