Во Белград претставен Фиат 500L

19

Од фабриката во Крагуевац излезе новиот модел на Фиат 500L, со најава дека оваа година Србија од неговиот извоз ќе оствари профит од 450 милиони евра.

Фиат планира до крајот на годината да произведе 30.000 возила од овој модел, чија официјална продажба во Србија почнува на 22 септември.

Фиат Автомобили Србија очекува идната година да произведе меѓу 140.000 и 160.000 фиат 500L, а земјата од извозот може да очекува профит од речиси две милијарди евра.

Моделот 500L ќе се продава на повеќе од 100 пазари во светот, меѓу другите и во САД. Понудата на мотори опфаќа два бензински и два дизел агрегати. Основниот модел во Србија ќе чини 13.490 евра.