Во БиХ основана нова авиокомпанија – FlyBosnia

25

avion-pixabay

Фото: Pixabay

Нова авиокомпанија под името FlyBosnia е основана во Босна и Херцеговина, пишува Klix.ba.

Основачи на новата авиокомпанија, со седиште во Сараево, се претставничката и директорот на групацијата Al Shiddi, Нуџејма Скендеровиќ и Сулаиман Абдулах Ал Шиди, кој во исто време е еден од најголемите инвеститори од Саудиска Арабија во БиХ.

Групацијата Al Shiddi во Сараево го поседува Sarajevo City Center и хотелот Бристол.

Босна и Херцеговина нема сопствена компанија бидејќи BH Airlines ја загуби дозволата за работа, а потоа и имотот поради големи долгови.