Во близина на Сребреница се откриени злато, сребро, олово и цинк

Генералниот директор на компанијата „Дрина ресурс“ од Сребреница, Александар Мишковиќ, на презентацијата на резултатите од геолошките истражувања извршени на подрачјето на оваа општина изјави дека на локалитетот Брежани на длабочина од 80 метри е откриено злато, јавува Радио-телевизија на Република Српска.
„Рано е да се зборува за количеството и процентот на тој метал во еден тон руда, но веродостојно е утврдено дека е во структурата на рудата“, рече Мишковиќ.

Зборувајќи за резултатите од работата на „Дрина ресурси“ која работи како дел од канадската компанија Terra Balcanica од Ванкувер, Мишковиќ рече дека годинава извршиле дупчење на локациите Чумавиќи, Оловин и Брежани и оти резултатите се ветувачки.

Тој прецизираше дека кај месноста Чумавици на длабочина од 50 метри откриле сребро-цинкова и оловна руда со поголема примеса на антимон и помала мешавина на злато, а во Брежани откриле злато на длабочина од 80 метри.

„Terra Balcanica инвестира во геолошки истражувања во општините Сребреница и Братунац, а потоа резултатите добиени од стручни анализи ќе одлучат дали ќе се продолжи со изработка на проектна документација и експлоатација на тие рудни наоѓалишта и под кои услови, “, изјави Мишковиќ.