Во богатите земји најмалку се работи – Како е во регионот?

192

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека во развиените и богатите земји се работи повеќе. Меѓутоа, работите не се толку едноставни.

Поточно, често е обратно. На светски план, во главно важи правилото дека во сиромашните земји луѓето работат повеќе отколку во богатите. Трендот е следен: што повеќе земјата станува богата, толку помалку луѓето поминуваат време на работа.

Освен тоа, имаат и подобри работнички права, повеќе денови годишен одмор и слично. Како што пишува Индекс.хр, просечниот работник во САД во 1950 година работел околу 2000 часа. Во повоена Европа се работело повеќе: од 2100 часа во Белгија до повеќе од 2400 часа во Германија.

Пред Втората светска војна ситуацијата била обратна и работниците во САД работеле повеќе од работниците на државите во Европа, но повоената обнова на разрушениот континент го смени трендот.

Историска занимливост е тоа што работници во поранешниот СССР неделно и годишно работеле повеќе од САД и Западна Европа. Разликата се намалила и работниците во СССР исто така работеле сè помалку, но во средината на осумдесетите и работниците на Запад работеле 100 и повеќе часа помалку на годишно ниво, од тие во СССР.

Сепак, Европа многу брзо се обновила и денес Европејците работат помалку од работниците во САД, но и вкупниот број на годишни работни часови опаднал на двете страни од Атлантскиот океан. Денес, просечниот американски работник годишно на работа поминува отприлика 1750 часа, односно 250 часа помалку отколку пред 70 години.

Во ЕУ се работи од 1350 часа годишно, што е случај во Германија, до 2060 часа, како во Полска и Грција. Но, секако, секое правило има свои исклучоци. На пример, Кина е сè понапредна, но тоа не значи дека работниците таму работат помалку.

Просечниот работник во Кина во 1979 година работел 1979 часа годишно, а денеска работи 2174 часа. Стандардот таму драстично скокнал во последните години. Но, Кинезите сега работат 200 часа повеќе отколку пред 40 години.

Жителите на Сингапур се меѓу најбогатите луѓе на светот, поради што се претпоставува дека би требало да работат релативно малку, но тоа не така. Работат еднакво како и сите сиромашни жители на Бангладеш.

Како е во регионот

И покрај шегите на сметка на мрзеливота, Црногорците работат најмногу, а не најмалку, барем кога станува збор за држава на поранешна Југославија. Работниците во Црна Гора просечно работат 44,3 часа неделно. По нив следуваат работниците од Србија со 42,3 часа, во Словенија (39,5 часа) и Хрватска (39,6 часа).

Во Грција се работи (41,8 часа), Македонија (40,3 часа), Бугарија (40,9 часа) и Романија (39,8) часа.