
Кон крајот на јануари во Вареш во централна Босна започнува ископувањето на рудникот кој може да содржи злато, како дел од проектот во кој се инвестирани повеќе од 200 милиони евра, а се очекува да го заживее тој простор кој бил оставен целосно запоставен по војната и од кој жителите масовно заминувале.
„Ова што го градиме овде е најмодерното нешто на светот. На 24 јануари започнуваме со производство на првата количина руда, секој ден ќе ја зголемуваме количината додека не достигнеме 65 тони месечно, што очекуваме да се случи во јули годинава“, изјави Пол Кронин, директор на Адриатик Металс БХ.
Таа компанија претходно добила концесија за истражување и експлоатација на рудното богатство во околината на Вареш, место кое било познато по најголемиот рудник за железна руда на целиот Балкан, а историските податоци покажуваат дека се експлоатирала уште во антиката.











