Во Буџетот префрлени 30 милиони денари од Агенцијата за управување со одземен имот

45

Агенцијата за управување со одземен имот од остварени продажби и наплата на имотна корист во државниот буџет префрли 30 милиони денари, пишува МИА.

Агенцијата за управување со одземен имот со сите расположливи капацитети во текот на годинава до август, активно спроведе продажби од кои е остварен приход во износ од 16 милиони денари, а вкупно 14 милиони денари се наплатени од нелегално стекнатите средства, што резултираше со прилив на парични средства во Буџетот на РСМ каде се уплатени вкупно 30 милиони денари, велат од Агенцијата.

Главен акцент и приоритет во 2020 година, како што се наведува, беше интензивирање на продажбата на правосилно одземените предмети, континуирана наплата на нелегално стекнатата имотна корист и конфискација.

Фото: Freepik