Во декември ни биле потребни минимум 33.697 денари

88

Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најголем процент или 41,78% отпаѓаат на трошоци за храна и пијалаци на коишто се одвоени 14.078 денари.

Потоа следуваат трошоците за домување со 32,10% или 10.817 денари, па превоз 2.464 денари или 7,31%, на облека и обувки 2.159 денари или 6,41%, на култура 1.066 денари или 3,17%, а на одржување на здравје 724 денари или 2,15%.

Фото: Freepik