Во Дубаи ќе никне зграда којашто ќе биде најголемо уметничко дело

118

Clothespin Tower е станбен облакодер и луксузен хотел којшто, кога ќе се изгради, ќе стане и најголемата скулптура во светот. Зградата во облик на штипка ќе биде најголемото уметничко дело во светот кога ќе биде готова. Зградата ќе биде голема верзија на познато уметничко дело од израелскиот уметник Зајго.

Уметникот се надева дека најголемото уметничко дело ќе биде симбол на љубов, мир и надеж.

Зградата висока 170 метри треба да има 50 катови кои би биле поделени на два дела: луксузен хотел со 1.200 соби и станбен дел со 300 апартмани и некои продавници, галерија за модерна уметност и ресторани.

Зградата треба да почне да се гради во 2023 година.

Фото: Twitter