Во Дубровник еден час паркинг чини 320 денари, во Загреб 48 денари

23

parking dubrovnik

Оние кои на одмор во Хрватска заминуваат со автомобил, на страна од трошоците за гориво, патарина и траекти, мораат да ги земат в предвид цените за паркирање. Јутарњи лист ги провери цените на градските паркинзи на улиците во 13 хрватски градови и тоа за еден час паркирање во најскапата зона и за целодневен билет. Очекувано, град со најскап час паркинг на Јадранот е Дубровник, каде 60 минути во најскапата зона чинат 320 денари, односно 7.000 денари за дневен билет. По него следува Умаг со 160 денари за час во нултата зона, односно 2.900 денари за цел ден во стариот дел од градот.

Еден час паркинг во Задар и Раб чини околу 100 денари, Шибеник, Макарска, Вис и Трогир е 80 денари, Пореч 64, Риека 56 и Сплит 40 денари. Најевтини се Пула, 32 денари и Ровињ, осум денари за половина час, секој нареден половина час по 24 денари.

Колку за споредба, еден час паркинг во црвената зона во Загреб чини 48 денари, а дневниот билет 800 денари.