Во една од најбрзо растечките индустрии младите заработија неколку милиони евра

82

Еспортот е една од најбрзо растечките индустрии. Победите во натпревари носат заработка од стотици илјади евра, а играчите имаат свои фанови во секој агол на светот.

Според вкупната заработка во изминатите 8 години, водечки играч на еспорт е Данецот Јохан Сундштајн (30) познат како N0tail. Во текот на кариерата заработил 7,18 милиони долари, пренесува 24 часа.

Втор во низата е Финецот Џеси Ваиника (32) ‘JerAx’. Заработил 6,49 милиони долари. Првата тројка ја заокружува Французинот Себастиен Феликс Дебс (32), попознат како Ceb. Интересно е што десетте најплатени играчи играат Dota 2.

Според escharts.com, во светот има 65.824 регистрирани професионални играчи, а 1.903 од нив се жени.