Во ЕУ до 2030 година ќе има повеќе од 60 милиони електрични автомобили

83

Во Европската унија до 2030 година ќе има повеќе од 60 милиони патнички електрични возила на патиштата  повеќе отколку во Кина или САД, се наведува во студијата на независната консултантска фирма Horvath.
Сè поскапото гориво ќе ја забрза електрификацијата на возниот парк во ЕУ, па продажбата на електрични автомобили до 2030 година ќе сочинува повеќе од половина од вкупната продажба на автомобили во Унијата, велат во таа компанија.

Horvath проценува дека во 2030 година, една третина од возниот парк на ЕУ ќе се состои од електрични возила, што ја прави ЕУ светски лидер, со повеќе електрични возила отколку во САД и Кина. Се проценува дека до 2030 година во САД ќе има околу 20 милиони електрични возила, кои ќе сочинуваат околу 10 отсто од возниот парк, а околу 40 милиони или околу 15 отсто во Кина.