Во ЕУ има 17,2 милиони научници и инженери

26

Во 2018 година, бројот на научници и инженери во Европската унија (ЕУ), на возраст од 25 до 64 години, е зголемен за 4% во однос на 2017 година. Вкупниот број на научници и инженери во ЕУ се проценува на 17,2 милиони, а претставуваат 23% од вкупниот број на работници во наука и технологија во ЕУ, покажуваат податоците на европската статистика.

Во поглед на распоредување на научниците и инженерите во ЕУ, за поголемиот број земји тоа е во склад со нивниот удел во вкупната популација. Во Обединетото Кралство и Германија работат 37% од научниците и инженерите во Европа, што е поголем од нивниот заеднички удел во Европската унија (29%). Од друга страна, Италија и Франција имаат удел од 16% во ЕУ, што е под нивниот комбиниран удел во Унијата од 25%.

Фото: Pixabay