Во текот на минатата година, во Европската унија се произведени околу 15 милијарди литри вино. Најголеми производители, според податоците на европската статистика, се Италија, Шпанија и Франција, а по нив следат Португалија, Германија и Унгарија.
Вредноста на извезеното вино од страна на земјите членки на Унијата лани достигна 22,7 милијарди евра. Повеќе од половина од увозот е реализиран во САД (извезено вино во вредност од 3,8 милијарди евра), по што следуваат: Швајцарија (една милијарда евра), Кина (исто толку), Канада (900 милиони евра) Јапонија и Хонг Конг (заедно 800 милиони евра).
Франција е најголем извозник на вино, со извоз од 5,4 милијарди евра во 2018 година, што е 47% од вкупниот извоз, а по нејзе следуваат Италија (3,1 милијарда евра) и Шпанија (1,2 милијарди евра).
Во текот на минатата година, увозот, пак, на вино во Унијата достигна вредност од 13,4 милијарди евра. Само 20% од тој износ доаѓа од земји што не се од ЕУ, најмногу од: Чиле (600 милиони евра), Австралија (450 милиони евра), САД (430 милиони евра), Јужна Африка (400 милиони евра) и Нов Зеланд (370 милиони евра.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем увозник на вино е Велика Британија (1,2 милијарди евра), по што следуваат Германија (300 милиони евра), Холандија (200 милиони евра) и Франција (исто толку).
Фото: Pixabay