Во ЕУ лани се произведени 12,2 милиони велосипеди

18

Минатата година во Европската унија се произведени приближно 12,2 милиони велосипеди или 1,2% повеќе отколку во 2019 година, според проценките објавени од Евростат.

Возењето велосипед го подобрува личното здравје, економично е за буџетот на домаќинствата и помага да се намали загадувањето на воздухот, наведува Евростат.

Продажбата на велосипеди  варира меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, кои се движат од приближно 1.500 велосипеди во Данска до над 2,1 милиони велосипеди во Италија и над 2,6 милиони во Португалија.

Фото: Pixabay