Во ЕУ произведени четири милиони тони чоколадо вредни 18,3 милијарди долари

41

Фото: Pixabay

Во Европската унија, во 2017 година, се произведени околу четири милиони тони чоколадо во вредност од 18,3 милијарди долари, покажуваат податоците на европската статистика.

Меѓу земјите членки на унијата, Германија е најголем производител со 1,3 милиони тони или 32% од вкупното производство на чоколадо во ЕУ. По нејзе, следи Италија со 700.000 килограми чоколадо или 18%, а потоа следат Франција и Холандија со 400.000 килограми годишно производство.

Зад нив следуваат: Велика Британија (300.000 килограми чоколадо), Белгија (исто така, 300.000 килограми чоколадо), Полска (200.000 килограми) и Шпанија (100.000 килограми).

Овие осум земји членки на унијата произведоа над 90% од вкупното производство на чоколадо во ЕУ во 2017 година.