Во Европа, сè повеќе е-автомобили „Made in China“

Во Европа ќе се зголеми увозот на автомобили од Кина, кои се „апсолутно конкурентни не само по цена, туку и технологија“, оценуваат експертите од Техничкиот универзитет во Кемниц.

На 600.000 возила може да се смета оваа година, а 1,1 милион во 2025 година, вели експертот од автомобилскиот институт Кемниц, професор Вернер Оле.

Со тоа бројот на новорегистрирани автомобили од пет ќе се зголеми на 7,5 отсто.

Според Оле, конкуренцијата на Кина со европските производители расте, особено кога станува збор за е-автомобилите.

„Бидејќи е-возилата од Кина се главно на батерии, пазарниот удел во тој сегмент е значително поголем“, вели Оле.

Според неговата проценка, може да се очекува зголемување од речиси 20 отсто на новорегистрираните автомобили во Европа, а до 2025 година на повеќе од 25 отсто.

Со цена за неколку илјади евра пониска, кинеските производители се „апсолутно конкурентни“ не само по цена, туку и технолошки, рече Оле, додавајќи дека тоа првенствено се однесува на технологијата на батерии.

Во меѓународната игра, Кина со е-автомобилите не само што има корист од огромната предност на поседувањето суровини и батерии и нивната цена.

А големината на домашниот пазар им овозможува на кинеските производители масовно производство, што значи и одредени ценовни предности.

„Во споредба со тоа, Европа во моментов има лоша карта“, рече Дирк Фогел од мрежата на добавувачи на автомобили во покраината Саксонија.

Тој, исто така, ги наведе високите трошоци за енергија, бирократијата и предвременото прекинување на даночните олеснувања.

Според неговата оценка, тоа ја оптоварува конкурентноста на германските и европските компании и го попречува остварувањето на целта за електрична мобилност на секој чекор.