
Во февруари 2025 година се издадени 272 одобренија за градење, што е за 29.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 901 041 илјада денари, што е за 44.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (50.4%) се наменети за објекти од високоградба, 73 (26.8%) за објекти од нискоградба и 62 (22.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 272 објекти, на 122 (44.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (55.1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 635 станови, со вкупна корисна површина од 51 075 м2.
Во февруари 2025 година најмногу одобренија за градење, 137, се издадени за високоградба.
Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење. За изградба се предвидени 635 станови.