
Според податоците на Државниот завод за статистика вкупната бруто-произведена електрична енергија во февруари 2025 година изнесува 570 529 МWh, што претставува 82.4 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
Во февруари 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 692 461 МWh електрична енергија, 39.165 милиони nm3 природен гас, 574 134 тони јаглен и 85 541 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Главни поенти
Во февруари 2025 година во однос на февруари 2024 година:
• Вкупната потрошувачка на природен гас е зголемена за 3.3 %
• Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 4.5 %











