Во Финска инсталирана првата песочна батерија во светот

65

Научници во Финска ја создадоа и инсталираа првата функционална „песочна батерија“ во светот, уред способен да складира зелена енергија со месеци и, потенцијално, да го реши проблемот со енергијата во различни периоди од годината.

„Песочната батерија“ работи така што се полни со евтина струја од ветерни и сончеви електрани, ја складира добиената енергија во песок и потоа таа може да се користи за греење на куќите зиме. За тоа, песочната батерија користи околу 100 тони обичен градежен песок, што се чува во посебна кутија за склад.

Вакви „батерии“ за складирање зелена енергија, т.е. замислата веќе постои. Но, тие беа од литиум, што ги прави скапи и економски и еколошки неделотворни, бидејќи складираат само ограничена количина електрична енергија.

Истражувачите околу оваа иновација забележуваат дека батеријата ѝ е особено потребна на Финска, којашто има поголема заедничка граница со Русија и во мигов е погодена од недостиг на гас и електрична енергија. Москва го прекина снабдувањето со енергетски ресурси кон оваа европска држава, откако Хелсинки поднесе барање за членство во НАТО.

Фото: Polar Night Energy