Во Франција во 2020 година укинати 320.200 работни места во приватниот сектор

26

Здравствената криза минатата година имаше големо влијание врз вработувањето во Франција, иако земјата успеа да ги ограничи последиците, како во четвртиот квартал, така и во текот на целата 2020 година, јави дописникот на МИА.

Првиот квартал доведе до затворање на 493.000 работни места, тренд што се надополнува со губење на 204.000 работни места во вториот квартал, односно 700.000 позиции во едно полугодие.

Во текот на минатата годината вкупно 283.900 работни места исчезнаа. Намалувањето изнесува 320.300 работни места во приватниот сектор во текот на годината, кога беа отворени 36.200 работни места во јавниот сектор. Загубите се особено бројни во секторот на комерцијални услуги (-326.000) и индустријата (-57.500). Спротивно на тоа, не пазарниот терцијарен сектор, градежништвото и јавните служби создадоа работни места.

Во четвртиот квартал, падот беше концентриран во приватниот сектор (-28.200 вработувања). Јавниот сектор, пак, се здоби со 7.600 работни места. Друг тренд, привремената работа продолжува да се враќа: по падот од 40,3 % во првиот квартал (-317.300 работни места), таа доби 240.000 работни места во вториот и третиот квартал и продолжува да закпренува во текот на последните три месеци од годината. Добивајќи 5,1 % во четвртиот квартал, ја заврши годината со губење на вкупно 41.900 работни места во споредба со  нивото на крајот на 2019 година.

Според проценките ќе треба време да се подобри ситуацијата. Во извештајот за својата состојба, објавен во понеделникот, Банката на Франција нагласува дека француската активност е ограничена на 95% од нормалното, во јануари и февруари. Додека некои сектори кои “не се директно изложени на здравствените мерки“ добро се одвиваат, други “подиректно погодени“ работат со побавно темпо или дури продолжуваат да опаѓаат.

Фото: Freepik