Во Германија минатата година, највисока вработеност од 1990 година

Минатата година Германија забележа највисок годишен просечен број на вработени од обединувањето на двете Германии во 1990 година.

Бројот на вработени во просек изнесувал 45,9 милиони, ги сумира германската новинска агенција ДПА податоците на Германскиот завод за статистика.

Вработеноста е зголемена за 0,7 отсто во однос на 2022 година, година во која беше забележан претходниот рекорд.

По падот во 2020 година обележан со пандемијата на вирусот Ковид-19, бројот на вработени се зголемува трета година по ред.

Лани девет од десет дополнителни работни места се отворени во услужниот сектор.

Во преработувачката индустрија е забележан раст од 0,3 отсто, а бројот на вработувања во градежништвото е зголемен за 0,6 отсто.

Од друга страна, негативниот тренд од претходните години продолжи во земјоделството, шумарството и рибарството.